Map Graph

Солена Вода (Стар Караорман)

археолошко наоѓалиште во Македонија

Солена Вода — археолошко наоѓалиште во штипското село Стар Караорман. Претставува средновековна некропола. Се наоѓа на североисточниот крај на селото, на излезот кон наоѓалиштето Орлови Чуки. Теренот е блага падина што се спушта кон коритото на Благова Река. Уште во 1958 година по ерозивните води биле откриени гробови со камени конструкции кои подоцна селаните ги прекопале. Исти гробови со скелетно погребување уништил и еден жител копајќи темели за куќа. Од гробните прилози, најдени во поголем број, се зачувани три прстена со вметнато стакло на главата и две стаклени белезици, од X до XII век. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Штип.

Read article